Лилиќ на комеморацијата за Беличанец: Ѕвер од актер и ангел од човек!

by fokus 10:45
10:45

„Биле моја, кога дојде од Прилеп, јас те пречекав во Драмски. Билјана, ти никогаш нема да бидеш во минато време, секогаш ќе си присутна. Несебично ни помагаше, ѕвер од актер и ангел од човек. Многу те сакаме сите. Сега секогаш ќе бидеш присутна“, рече Дејан Лилиќ, на комеморацијата за актерката Билјана Беличанец Алексиќ, која се оддржува во Драмскиот театар.

Со актерката се прости и нејзиниот колега Драган Спасов Дац.

- Advertisements -
Banner NISSAN_Okt_300x250

,,Тука е домот на татко ми Стево, Дади, Горан, Бранко. Тие се тука и го слават доаѓањето во бесмртните. Сцената беше твојот живот. На оваа сцена ти беше мојата Сара, Цвета, мојата Сузана, мојата Билјана Беличанец“, рече Дац.

Билјана Беличанец (1973-2019) беше актерка во Драмскиот театар од 1997 година, а три години претходно работеше во Прилепскиот театар. Од дипломирањето на ФДУ во 1994 Беличанец имаше голем број театарски улоги и награди на фестивали.

Ј.Ц.

Поврзани новости