Ликот на Мајка Тереза оштетен со црна боја

by Fokus

Ликот на Мајка Тереза, насликан на паното на плоштадот „Скендербег“ утрово осамна оштетен со црна боја, пренесува Алсат-М.

Мајка Тереза е родена е во Скопје под името Агнеза Гонџа Бојаџиу. Уште на возраст од 12 години таа се одлучила да живее како калуѓерка. Живеела со најсиромашните во предградијата на Калкута. Како основач на редот Мисионери на милосрдието, се посветила на добротворна работа помагајќи им на болните и сиромашните луѓе, поради што во 1979 година ја доби Нобеловата награда за мир. Почина во Калкута, Индија, на 5 септември 1997 година.

Поврзани новости