Лифтот тргнал додека го поправал, кумановец за малку ќе го изгубел животот

by fokus

28-годишен кумановец бил хоспитализиран со тешки телесни повреди откако лифтот кој го поправал тргнал и го повредил во вратот и грбот. Како што соопштуваат од полицијата од Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, вчера попладне било пријавено дека кај нив бил донесен Г.П. (28) од с.Агино Село.

„Г.П. вработен во приватна фирма, додека вршел поправки на лифт во комплекс згради  на бул.„Србија“, лифтот ненадејно тргнал и го повредил во пределот на вратот и грбот. Од страна на лекар, кај Г.П. биле констатирани тешки телесни повреди. За настанот бил известен трудов инспектор. Се работи на расчистување на случајот“, велат од МВР.

Поврзани новости