Лидерите на средба кај Пендаровски во недела

by fokus

Партиските лидери ја прифатиле поканата на претседателот Стево Пендаровски за лидерска средба оваа недела на 20 октомври, информираше денеска претседателот.

Лидерската средба ќе се одржи по одбивањето на Европската унија да донесе одлука за отворање на преговори со земјава. Пендаровски повика на единство и сплотеност.

-Во овие моменти најамалку ни е потребно нашето незадовлство да го насочуваме кон одредени земји членки на Унијата. Во името на нашата иднина ги повикувам раковoдствата на нашите политички партии да ги остават на страна своите партиски интереси и да ја реафирмираме нашата визизија за иднината на земјата – рече Пендаровски.

Тој додаде дека поканата е испратена до претседателите на најголемите парламентарни партии и од власта и од опозицијата и дека сите ја прифатиле.

-Од сите поканети добив позитивен одговор, за во недела на 20 октомври. Сега не е време за разочарувања, апатија и калкулации за добивање политички поени. Време е за повторно обединување околу она што ни е најважно, нашата иднина и иднината на генераците кои доаѓаат. Само ако работиме заедно ќе успееме – порача претседателот.

Поврзани новости