468
По три часа преговарање, лидерите на четирите најголеми политички партии ги избраа тројцата експерти кои ќе бидат членови на ДИК. Груевски, Заев, Ахмети и Тачи се договорија експерти во ДИК да бидат Реџеп Прекопуца, Атанас Урунов и Александар Чичаковски.
Во текот на сите три часа од средбата се разговарало за комплетирањето на Државната изборна комисија. Воопшто не станало збор за Законот за медиуми и реформите во медиумскиот систем, иако тоа беше планирано.
Освен партиските лидери, на средбата присуствуваа и олеснувачот во преговорите, белгискиот експерт Питер Ванхауте, како и амбасадорите на САД и на ЕУ, Џес Бејли и Аиво Орав.