Лични карти ќе може да се подигаат и на денот на изборите

by Frosina Fakova

Министерството за внатрешни работи соопшти дека управните служби при МВР на територијата на целата држава, на денот на изборите (среда, 15 јули) ќе работат само за подигнување лични карти, во периодот од 7 до 19 часот.

Од МВР потенцираат дека целта е да им се овозможи на граѓаните кои претходно поднеле барање да ги подигнат личните карти и да можат да го остварат правото на глас.

Поврзани новости