Либералите бараат укинување на денешниот празник: Тераме народ да слави празник на партија!

by Фокус

Либералната партија бара 23 октомври – Денот на македонската револуционерна борба за последен пат да има статус на државен празник.

„Денес, доживувајќи ја атмосферата која владее во земјата, предлагаме 23 октомври за последен пат да има статус на државен празник. За тоа има многу причини, од кои секоја поединечно може да биде доволна за оваа одлука. Но, најважна е причината што го тераме народот да празнува празник на политичка партија која нагло ги губи своите приврзаници, а многу од нив остануваат дури и посрамотени од неа“, велат од Либералната партија.

Поврзани новости