Левица: Спомениците на НОБ остануваат незабележани поради мелагоманијата на тие од Скопје 2014

by Fokus

Левица по повод Денот на востанието ќе организира информативна прошетка на спомен-обележјата од НОБ. Во текот на прошетката, ќе бидат посетени 12 локации во центарот на Скопје важни за Народноослободителната борба.

„На сите локации се поставени спомен обележја, но тие, иако често се наоѓаат на фреквентни места, обично остануваат незабележани. Тоа е поради нивната скромна
појавност наспроти визуелното загадување и мегаломанијата типични за
спомениците од Скопје 2014, недоволното знаење на граѓаните за нив, како
и негрижата и вандализмот на кои тие биле изложени – се наведува во најавата на Левица.

Поврзани новости