Левица со иницијатива за граѓански листи поддржани од сите антирежимски партии

by fokus

Левица денеска го презентираше својот предлог на престојните парламентарни избори наместо сите опозициски партии да застанат зад пратеничките листи на СДСМ, да се формираат листи од истакнати борци против режимот, кои ќе бидат подрржани од сите партии.

-Она што останатите антирежимски партии не сакаат или одбиваат да го видат е дека нудењето на гласачите само на една, заедничка листа на сите антирежимски партии, на чело со политичари од СДСМ, ќе демотивира одреден број граѓани да излезат на гласање. И дека токму нивната апстиненција може да го оневозможи поразувањето на режимот. Не смееме да го игнорираме тоа! За надминување на оваа ситуација, Левица ја нуди иницијативата, наместо сите антирежимски партии да излезат со една партиска листа на изборите, тие да поддржат истакнување на заеднички непартиски изборни листи. Тие листи би биле составени од истакнати борци против режимот кои не се членови на партии, а антирежимските партии би застанале обединети позади нив, не истакнувајќи сопствени партиски листи, објаснуваат од Левица.

Нивниот предлог е по евентуалната победа на тие листи, да се формира преодна експертска влада која би имала мандат во релативно краток временски период да преземе чекори за демократизација на земјата и да подготви одржување на фер и демократски избори.

Поврзани новости