„Левица“ се стреми кон 15.000 денари минимална плата

by fokus

Партијата „Левица“ денеска во Прилеп се среќаваше со граѓани и им ја презентираше својата програма. Според Митко Николов, носител на листата во четвртата изборна единица, мерките на „Левица“ се насочени кон зголемување на животниот стандард на сиромашните на сметка на зголемување на даноците спрема богатите и намалување на платите на фунционерите.

-Мерките на „Левица“ се насочени кон тоа минималната плата да биде 15.000 денари, враќањето на хранарината и на превозот кои беа укинати по воведувањето на концептот бруто плата, а регресот за годишен одмор „К-15“ да се регулира со закон, рече Николов.

Наместо социјална помош „Левица“, како што посочи, ќе воведе минимален загарантиран приход од 6.000 денари за едночлено, до 13.400 денари за петчлено семејство.

Поврзани новости