Левица нема да го поддржи предлогот Трајко Славески да биде нов гувернер на Народната банка. Пратеникот Борислав Крмов смета дека сегашниот кандидат треба да биде различен од предлогот на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова.
Според Крмов, гувернерот треба да биде флексибилен кога се работи за економските програми.
-Не покажа трошка емпатија кон луѓе, цела класа на граѓани, него тоа не го интересираше. Утре пазарот ќе дојде и ќе рече нема да има храна за 30% за населението, тоа е пазарот немате доволно поседи, војна има, не можеме да увеземе од Украина. Нема потреба, не е тој отсега. Скоро имавме предлог за патни трошоци за работниците, тоа што тој наводно го има укинато, кажа пратеникот на Левица и потсети на изјавата на Славески кој за 9.000 денари минимална плата рекол дека „тоа е пазарот“.
Предлогот на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова е доставен до Собранието, а неговото име и најмногу се споменуваше како потенцијален челник на централната банка.