„Левица“ на прослава во Москва и на средба со Комунистичката партија на Руската Федерација

by fokus 23:31
23:31

Членови на „Левица“ ја посетија руската престолнина Москва и учествуваа на прославата за 100-годишнината од формирањето на пионерската организација на Советскиот Сојуз.

Од партијата на Твитер објавија фотографии и напишаа дека двајца нивни претставници биле на прославата на Црвениот плоштад.

-По повод 100 години од формирањето на пионерската организација на Советскиот Сојуз, членот на Президиумот, Реџеп Исмаил и координаторот на Сектор – Надворешна политика, Александар Симонов, учествуваа на централната прослава организирана од Комунистичката партија на Руската Федерација (КПРФ) на Црвениот плоштад во Москва, напишаа на Твитер од Левица.

Од „Левица“ соопштија и дека нивните претставници имале средба со раководството на Комунистичката партија на Руската Федерација.

 

Поврзани новости