„Во Прилеп беше нападната новинарска екипа која известувала за кршење на изборен молк, според нас, од претставници на власта. Во Општинската изборна комисија – Штип имало редица гласачи кои ги немало во Избирачкиот список и кои чекале решение, но дека решенијата кои ги добиле се однесуваат на гласање само за вториот круг. Во општината Аеродром на избирачките места 2708 и 2079 недостасувале гласачи. На едно место во Карпош гласачките кутии не биле пломбирани. Гласач подигнал четири избирачки ливчиња, а во гласачката кутија ставил три ливчиња. Гласањето било прекинато во 12.30 часот и до 15 часот не било продолжено. На едно место во Куманово гласач бил вратен затоа што на негово место веќе бил оставен отпечаток од прст во избирачкиот список. Во Драчево е спречен обид за гласање без лична карта. Во Ѓорче Петров гласач го фотографирал своето ливче”, изјави Мециновиќ.
Левица: „Гарнитурата“ е во слободен пад, од утре ништо нема да биде исто!
852