Летале ножеви во ресторан во Скопје, едно лице повредено

by Fokus

Две групи се степале во угостителски објект во Скопје, информираа од МВР.

Според полицијата, сабајле околу 04,10 часот Н.Ѓ., пријавил дека во угостителски објект на улица „50-та Дивизија” во Скопје настанала тепачка помеѓу две групи од гостите при што некои од учесниците имале ножеви. Лицето Д.А.(34) од Скопје се здобил со убодна рана во пределот на градите, по што е пренесен во Комплекс клиники “Мајка Тереза”.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Поврзани новости