Лепа Брена го најави настапот во Битола: Ајде да се сакаме!

by fokus

Балканската музичка ѕвезда Лепа Брена доаѓа на настап во Битола. Таа го најави својот концерт кој ќе се одржи на први август на официјалната страница и порача – Се гледаме во Битола, ајде да се сакаме!

Гостувањето на Брена е дел од забавната програма која ја нуди комплексот Голд Фелициа. Станува збор за објект во чиј состав функционира казино, кабаре и ресторан.

Неодамна отворениот локал во Битола веќе беше домаќин на повеќе познати музички имиња, помеѓу кои Саша Ковачевиќ, Куку Леле, ОК Бенд и други.

Вечерва гостува Саша Матиќ, а во август ќе настапи и Ацо Пејовиќ.

Лепа Брена го имаше последниот настап во земјава во декември 2018 година во ВИП Арена. Одржа концерт во Скопје, по повод 35 години кариера, на кој направи вистинско шоу и промени четири стајлинзи, а во медиумите осамнаа наслови дека таа е Мадона за Балканци.

Пред тоа, најави концерт во Скопје во 2015 година, но истиот го откажа, поради, како што изјави, состојбата во земјава, кога во Скопје и други градови секојдневно се одржуваа протести и блокади против полициска бруталност.

Вики Клинчарова

Поврзани новости