Лекот „ремдесивир“ покажува добри резултати во лекувањето од корона вирусот

by Frosina Fakova

Многу светски научници се во трка за пронаоѓање на вакцина и лек против пандемијата со корона вирус, а според пишувањето на специјализираниот медицински портал Statnews лекот „ремдесивир“ покажал резултати кај заболените со Ковид – 19.

Експерименталната примена на овој лек во текот на пандемијата со корона вирус покажала резултати, а некои кои го примиле оздравеле за само неколку дена.

Лекот „ремдесивир“ експериментално е користен во лекувањето на 125 пациенти, од кои 113 имале тешка клиничка слика како последица од заразата со корона вирусот. Според Кетлин Мулан, спцијалист задолжен за овој експеримент, два пациенти починале, а голем број биле отпуштени од болниците.

Универизтето во Чикаго не сака засега да изнесува повеќе детали и да ги коментира резултатите од овој експериметн се до неговото завршување.

Инаку, овој лек претходно беше тестиран во лекувањето на ебола, но не покажа резултати. тестирањата на жоивотни, меѓутоа, покажала дека би можело да биде користен за лечење на корона вирусите, САРС и МЕРС.

И Светската здравствена организација соопшти претходно дека овој лек има потенцијал за лечење на корона вирусот, а во некои изјави го споменуваше и американскиот претседател, Доналд Трамп.

„Ремдесивир“ го произведе американската фирма „Gilead Sciences“, која истворемено спорведува негово тестирање на 2.400 пациенти ширум светот. Резултатите од тестирањето се очекуваат на крајот од месецов. Фирмата соопшти дека податоците со кои располага моментално не се доволни за „ремдесивир“ да биде прогласен за лек кој би можел да биде терпаија за корона вирусот.

Поврзани новости