Лекарска комора: Го осудуваме нападот врз лекарот, насилството не е решение

by Fokus 11:47
11:47

Лекарската комора денеска го осуди насилството врз лекарот Н.З. од скопската Клиника за токсикологија, кој вчера беше прободен со нож на влезот на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“.

– Го осудуваме насилството врз нашиот колега, без разлика од какви причини се случило. Што и да е проблемот, постојат многу други начини за да се реши. Насилството никогаш не е решение – истакна доктор Калина Старделова-Гривчева, претседател на Лекарската комора.

- Advertisements -

Директорот на Клиниката за токсикологија, Нико Беќировски ги демантираше сите шпекулации што се појавиле во текот на денот поврзани во случајот, односно дека нападот се случило за време на дежурството.

Поврзани новости