Лекарска комора: Да не се политизира случајот со родилката од Гевгелија

by Фокус

Лекарската комора испрати соопштение до медиумите со кое посочува дека треба да се остави случајот со родилката и бебето од Гевгелија на истражните органи за да се утврди дали има и кој е одговорен. При тоа да не се генерализира случајот дека целиот здравствен систем е виновен.

„Во рамките на своите надлежности, Комората како професионална асоцијација ќе настојува да утврди и дали има лична одговорност во целата трагедија, а врз основа на тоа ќе реагира и ќе преземе соодветни мерки. Комората на Македонија најостро ги осудува обидите на некои политички партии оваа трагедија да ја искористат за меѓупартиски пресметки и за политичко поентирање. За Комората е неприфатливо одговорноста да се генерализира и сите медицински институции и здравствени работници, да се обвинат за неодговорност и непрофесионалност. Како професионална асоцијација цениме дека е целосно неодговорно и крајно ниско ваква трагедија да се стави во функција на оцрнување на една професија и целокупниот здравствен систем“ се вели во соопштението истратено до медиумите.

Поврзани новости