Лекарката на чија смена починаа четири бебиња ќе зема 30 отсто помала плата и ќе работи под надзор

by Fokus 14:21
14:21

Лекарката од скопската клиника за гинекологија на чие дежурство починаа четири новороденчиња, а таа не беше на работното место во тој момент, следните шест месеци ќе зема 30 отсто помала плата и ќе работи под надзор на друг специјалист, а ќе и биде одземена и субспецијализацијата за неонатологија.

Таква одлука донела дисциплинскатa комисија која беше формирана да го испита случајот, а во меѓувреме лекарката беше суспендирана од своето работно место.

- Advertising -

Поврзани новости