Лекарите од Токио бараат откажување на Олимписките игри

by fokus

Здружението на лекари во Токио повика на откажување на Олимписките игри на околу два месеци пред нивниот почеток во јапонската престолнина поради пандемијата на коронавирусот, наведува ДПА.

Во писмо испратено до јапонскиот премиер Јошихиде Суга, меѓудругите, групата од околу 6.000 лекари побара од владата и организаторите да се консултираат со Меѓународниот олимписки комитет (МОК) за откажување на Игрите.

„Откажувањето на настанот што има потенцијал да го зголеми бројот на инфекции и смртни случаи е вистинскиот избор“, наведуваат лекарите во писмото.

И локалните организатори и МОК остануваат упорни дека Игрите, одложени за една година поради пандемијата, можат да почнат според планираното на 23 јули, пренесува ДПА.

Поврзани новости