ЛДП започнува со серија трибини

by Фокус

Либерално демократската партија од денеска почнува со серијата трибини низ државата, покривајќи ги клучните области кои се однесуваат на проблемите на граѓаните и изнаоѓање на решенија.

На денешната трибина во Скопје, во „Даре Џамбаз“ во 19 часот, во делот за економијата ќе говори Јован Манасијевски, за здравството Никола Пановски, за правото и судскиот систем Драган Малиновски, додека за состојбите во образованието Зоран Шапуриќ – сите до еден носители на значајни јавни функции во минато.

Ова е прва од серијата трибини, кои, како што велат либералдемократите, ќе имаат за цел да ги доближат граѓаните до партијата, а раководството подетално да се запознае со проблемите кои тие ги имаат.

Поврзани новости