ЛДП: Загрижува “опстанокот” на СЈО и медиумските реформи

by fokus

Либерално-демократската партија е загрижена од недореченостите и нелогичностите во новиот договор што вчера го постигнаа преговарачите на четирите политички партии потписнички на Договорот од Пржино.

Во соопштението тие велат дека особено ги загрижува делот за функционирањето или “опстанокот“ на СЈО и реформите во медиумите.

“Изненадува фактот што со договорот не е предвидено формирање на специјално одделение во рамките на Кривичниот суд, со цел да овозможи непречена работа на СЈО. Евентуалното укинување на СЈО и повторното формирање отвора можност и за кадровски промени”, тои во соопштението.

Од таму велат дека суштината на овој Договор мора да биде владењето на првото, процесуирање на сите предмети што СЈО ги отвори во изминатите месеци, судска завршница, односно одговорност за сите оние политичари што ги прекршиле законите и работеле на штета на граѓаните на Република Македонија.

„За нас се нелогични и решенијата за регулација на медиумите, особено делот каде се посочува дека “четирите партии се обврзуваат да спроведат медиумска легислатива согласно итните реформски приоритети и Извештајот на Прибе во рок од шест месеци по изборите“, соопштуваат од ЛДП.

Поврзани новости