ЛДП во Холандија: На 11 декeмври ќе биде победен режимот во Македонија

by Fokus

Членови на раководството на Либерално-демократската партија се сретнаа со пратеникот Анне Мулдер, член на Долниот дом на парламентот на Холандија, Џок Геселшап, меѓународен секретар на VVD , како и со Даниел Кадик, директор на проектот на германската фондација Фридрих Науман за Југоисточна Европа.

На средбата претседателот на ЛДП, Горан Милевски ги запознаа гостите од Холандија со политичката состојба во Македонија и условите за одржување на фер и кредибилни избори на 11 декември оваа година.

– Милевски ја информира делегацијата од Холандија дека опозицијата во Македонија, вклучително и ЛДП е подготвена за победа на претстојните предвремени парламентарни избори! На 11 декември демократските сили ќе издвојуваат победа над авторитарниот режим и со тоа ќе овозможат Македонија да се врати на патот на евроатланските интеграции. Оваа недемократска и криминогена влада ќе биде срушена единствено по волја на мнозинството од граѓаните кои својата татковина ја гледаат исклучиво како дел од Европската Унија“, се вели во партиското соопштение.

Поврзани новости