ЛДП: Политиките на ДПМНЕ од македонскиот работник направија модерен роб

by fokus

Либерално-демократската партија им го честита 1-ви Мај на сите граѓани, денот посветен на борбата за унапредување и зачувување на работничките права и констатира дека има многу причини за незадоволство, а речиси ниту една за празнување.

-Во изминатите 10-тина години владеење на Груевски и ДПМНЕ, достоинството на македонскиот работник е комплетно уништено. Политиките на ДПМНЕ од македонскиот работник направија модерен роб, работејќи за примања кои не можат да ги покријат основните домашни потреби. Овој факт го потврдуваат и податоците кои покажуваат дека потроувачката кошница за едно четиричлено семејство е 32.000 денари, или нешто поголема од 500 евра, а над 50% од сите вработени во земјата земаат плата под 15.000 денари – или само половина од синдикалната кошница. Дополнително, ДПМНЕ успеа преку добро воспаставениот систем на корупција и заробување на институциите во најголем дел да ги поткупи синдикалните лидери и да ги претвори во заштитници на криминалните политики на Груевски, а не застапници на работниците, се вели во соопштението на ЛДП.

Поврзани новости