ЛДП:Партизираната Државна изборна комисија го дискредитира целокупниот изборен процес

by Фокус

Со партиски директиви и по диктат на криминогената врхушка на власт, мнозинството членови во ДИК синоќа го усвоија збирниот извештај за спроведените вкрстени, административни и теренски проверки регираа од Либерално демократската партија.

– Самиот факт што претседателот на ДИК гласал против овој извештај и изразил сомневање во правната важност на информациите од МВР на кои не е потпишан министерот Спасовски, упатува на тоа дека избирачки список без правна важност не може да гарантира кредибилни избори. Дотолку повеќе што стојат и забелешките дека остануваат илјадници сомнителни гласачи без живеалиште во земјава. Оттука, сметаме дека синоќа партизираната Државна изборна комисија се дискредитира и себе си и целокупниот изборен процес, со што во исто време потврдува дека не е во можност да обезбеди фер, слободни и кредибилни избори на 5 јуни, датумот кој единствено го сонува Никола Груевски и неговата помилувана чета на криминалци – тврдат од ЛДП.

 

Поврзани новости