ЛДП: Осомничени од СЈО директоруваат со училишта и со поминат мандат

by fokus

Директори осомничени од СЈО во случајот „Транспортер“ директоруваат во битолските училишта со поминат мандат, обвинуваат битолските либерал-демократи.

Од партијата велат дека одлуките што ги носат директорите со истечен мандат во овој период не можат да бидат законски и одржливи.

Од ЛДП обвинија дека на директорот на гимназијата „Јосип Броз Тито“, кој е осомничен во случајот „Транспортер“, мандатот за в.д. директор му истекол на 11 јули годинава и досега не добил продолжување. Слична е ситуацијата и кај директорката на средното медицинско училиште.

– Директорката на средното медицинско училиште, и покрај тоа што е под истрага за „Транспортер“, направи долг од 250.000 евра, доби две препораки од Антикорупциската комисија за нејзина смена, сè уште безгрижно седи во директорската фотелја, а мандатот ѝ истекол на 10 јули оваа година. Јавно прашуваме што треба да направи за да биде сменета од директорското место? –прашува Томе Цветковски, потпретседател на општинската организација на ЛДП во Битола.

Според него, во иста ситуација е и директорката на ОУ „Кирил и Методиј“, а во ОУ „Ѓорги Сугарев“ решението за избор истекува за два дена.

Либерално-демократската партија обвинува дека Битола не функционира нормално и дека градоначалникот Владимир Талески, во интерес на сите граѓани, мора веднаш да поднесе оставка.

Поврзани новости