ЛДП: Македонија нема друга алтернатива освен ЕУ

by fokus 12:31
12:31

Владата на ВМРО-ДПМНЕ свесно ги закочи реформските процеси и интеграциските патишта кон ЕУ затоа што не и одговараше развој на демократските процеси и ограничувањето на самоволното и деспостското владеење, велат од Либерално-демократската партија.

-По добивањето на кандидатскиот статус во 2005 година, кога последен пат имавме демократска влада, по доаѓањето на ВМРО-ДМПНЕ на власт, нашата држава е заробена во кандидатски статус веќе 11 години. Денес, 60 години од заклучувањето на Римските спогодби, Либерално-демократската партија укажува дека за Македонија не постои друга алтернатива освен Европската Унија. Државата и сите субјекти имаат за надоместување на огромен заостаток и многу работа за интензивно приклучување кон ЕУ“, велат од ЛДП.

Од ЛДП потенцираат дека новата реформска влада ќе вложи сериозни и одлучни напори за приклучување на државата во ЕУ.

Поврзани новости