ЛДП бара легализација на истополовите бракови

by fokus

По повод 17 Мај, меѓународниот Ден против хомофобија, трансфобија и бифобија, Либерално-демократската младина дава поддршка на сите лица слободно да ја изразат својата сексуална ориентација и родова припадност.

-ЛиДеМ изразува задоволство од неодамнешниот чекор што го направи Собранието на Република Македонија, односно на формирањето  интерпарламентарна група за поддршка на ЛГБТИ-правата во која членуваат 2/3 од пратениците на ЛДП. Притоа сметаме дека оваа група своето формирање треба да го оправда со вклучување на сексуалната ориентација и родовата припадност во Законот за спречување дискриминација, велат од партијата.

Од ЛиДеМ додаваат дека ќе настојуваат Националниот младински совет на Р Македонија да покрене кампања и за менување на законската регулатива во Македонија, согласно со која луѓето од ист пол ќе можат полноправно да регистрираат истополови партнерства, следејќи го примерот на одредени земји, како Хрватска, Италија, Грција, Унгарија…. Македонија, додаваат од таму, мора да ја направиме да биде земја на среќни луѓе и среќни семејства кои ќе останат да живеат овде.

Поврзани новости