Лажно се претставила како новинарка и со статив го нападнала Борисов

by Fokus

Утринава лидерот на ГЕРБ, Бојко Бориов пристигна пред Националната полиција да даде изјава, а додека се движеше кон влезот за малку ќе беше удрен со статив од неидентификувана жена, за која бугарските медиуми велат дека е од Белорусија.

Непозната жена од Минск, Белорусија, со статив се обиде да го нападне водачот на ГЕРБ, Бојко Борисов. Таа беше оддалечена од луѓето околу Борисов и само брзата интервенција на полицијата ја спаси од јавен линч од собраните симпатизери на лидерот на ГЕРБ.

Русокосата жена покажа блиски односи со новинарката критичарка на ГЕРБ, Мирољуба Бенатова, бидејќи тие поминаа долго време во разговори и насмевки.

Првично, жената се претставила како новинарка од руски медиуми, а потоа и од Ал Џезира, што се покажало како лага по полициската проверка.

Провокаторотката, која одби да прикаже на полицијата документи за лична идентификација, се покажа дека е државјанин на Белорусија.

 

 

Поврзани новости