Лaжна дојава за бомба во Скопје: МВР тврди дека жена заборавила куфер со облека

by Fokus

Лажна е дојавата за бомба во Железничката станица станица во Скопје каде заборавен куфер со облека направи паника меѓу безбедносните служби.

Од МВР велат немало никаква опасност за граѓаните.

-Денеска во СВР Скопје е пријавено дека во кругот на Меѓународна автобуска станица- Транспортен центар во близина на банкомат бил оставен куфер. Веднаш се преземени соодветни мерки и активности, направени се потребните проверки и утврдено е дека станува збор за повозрасна жена која го оставила куферот, во кој имало облека односно нема никаква опасност за граѓаните, велат од МВР.

Поврзани новости