Лазаревски: Звонко ми рече нема кој не се прислушува!

by fokus

Кога дознал дека се врши нелегално прислушување, Ѓорѓи Лазаревски се поврзал со системот за прислушување со мрежен кабел и за пет минути ги ископирал логовите. Односно како што појасни, имал на увид дека имињата на операторите кои прислушувале се поклопувале со иницијалите на високи функционери во УБК како Г.Г. Н.Б. и оператор директор.

,-Овие оператори беа концентрирани кон таргети за кои јас сметав дека нелегално се прислушуваат, а останатите оператори ги слушаа оние кои беа легални. Имаше броеви на јавни личности, политичари од опозицијата и запомтив дека има број на министер за кој потоа дознав дека тоа е Миле Јанакиески. Со тие сознанија размислував што да правам. Со тоа живеев две години, без да превземам нешто бидејќи знаев дека и јавно да излезам нема да можам да докажам, рече Лазаревски.

Тој додаде дека потоа во функција бил ставен новиот систем за прислушување.

-Во еден случаен разговор со колега како анегдота ми раскажа прислушуван разговор на министрите Гордана Јанкулоска и Зоран Ставрески. Разговарале за некаков објект во Битола и Ставрески бил изнервиран од тогашниот премиер Никола Груевски и изговорил дека човекот е за во Демир Хисар, алудирајќи на лудило, рече Лазаревски.

Потоа појасни дека му пристапил на колегата Звонко Костовски и отворено го прашал дали се прислушуваат актуелни министри.

-Реакцијата на Звонко беше дека нема кој не се прислушува. Потоа пак продолжив да живеам со тоа сознание и го замолив Звонко да собира докази кои подоцна ќе се искористата во судска постапка. Знаев дека легално не е можно да се прислушува министер., истакна Лазаревски, кој појасни дека тој немал можност да снима аудио материјали од прислушуваните разговори, па затоа тоа го побарал од Костовски.

В.В.

Поврзани новости