Лазаревска: Чистките во Телма се уште еден удар врз професионалното новинарство!

by fokus

Поранешната уредничка во Телма, Емилија Лазаревска која утрово се најде меѓу 12-те новинари кои беа прогласени за технолошки вишок,  смета дека оваа „чистка” на медиумот била на агендата на директорот и уредник Атанас Кировски уште од неговиот прв ден во телевизијата.

Во изјава за А1он таа обвини дека Кировски брише големи новинарски имиња кои 20 години го крепеле идентитетот на Телма, а револтирана е што единственото објаснување за оваа постапка се финансиските проблеми на медиумот.

„Објаснувањето е дека во првите три месеци од годината телевизијата прикажала најголема загуба од своето постоење?! Дали сме ние виновни за тоа? Вели дека се прави нова систематизација и рационализација на кадарот, а во последните две години континуирано се примаат нови луѓе…Мој заклучок е дека агендата со која дојде тој во Телма е да расчисти со сето она што значеше Телма во вистинска смисла на зборот. Ова е уште еден удар врз професионалното новинарство во Македонија” – оцени Лазаревска.

Поврзани новости