Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска изјави дека единствениот начин да се реши проблемот и да се постигне одржлив мир во Украина е да се елиминираат основните причини за конфликтот.
Во своето обраќање на Дипломатскиот форум во Анталија, Турција, Лавров рече дека американскиот претседател Доналд Трамп е еден од ретките западни лидери кои разбираат дека украинскиот конфликт може да се реши само со елиминирање на неговите основни причини, пренесува РИА Новости.
„Претседателот Трамп стана првиот и досега, мислам, речиси единствениот западен лидер кој постојано кажа дека вмешаноста на Украина во НАТО е грешка. И тоа е една од главните причини што толку пати ја посочувавме“, посочи Лавров.
Тој додаде дека САД ја разбираат потребата за решавање на територијалните прашања во контекст на украинското решение.