Лавров ја отфрла идејата на Европа: Тоа е измама

by Fokus

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров ги отфрли предлозите за испраќање мировници во Украина по евентуалниот прекин на огнот, нарекувајќи ги „празни разговори“.

Говорејќи во Доха, Лавров рече дека предлозите изнесени од Британија и Франција во последните недели се обид за дополнително разгорување на конфликтот и измама со цел да и се дозволи на Украина повторно да се вооружи.

Лавров тврди дека таквиот потег ќе доведе до вклучување на Украина во НАТО и „целосно уништување на правата на населението што зборува руски“.

Американскиот претседател Доналд Трамп во понеделникот изјави дека лично го прашал Владимир Путин за можноста за распоредување мировни сили во Украина. Според Трамп, Путин му рекол дека нема проблем со тоа, што е во спротивност со претходната позиција на Кремљ.

Меѓутоа, на прашањето за тврдењата на Трамп, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков вчера потсети на претходните изјави на Москва дека таквиот потег би бил „неприфатлив“.

Поврзани новости