Лавров: Инцидентот со Навални вештачки доби надворешно-политичка димензија

by fokus

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров смета дека инцидентот со рускиот опозициски лидер Алексеј Навални вештачки доби надворешно-политичка димензија.

-Случајот Навални доби вештачки надворешно-политички тон, а јас би кажал дека тоа е сосема незаконски, истакна Лавров на прес-конференција.

Шефот на руската дипломатија потсети дека притворот на Навални бил во полициска надлежност.

Лавров истакна дека Западот, под различни изговори, и натаму одбива да и ги предаде резултатите од тестовите на Навални на официјална Москва и посочи дека руската страна не нашла траги од хемикалии во тестовите на Навални и дека нема основа да се поведе кривична постапка, без оглед на тоа што велат другите.

Поврзани новости