Лаура Ковеси положи заклетва како прв обвинител на ЕУ

by fokus

Романската обвинителка, Лаура Ковеси, која пред неколку месеци беше избрана за прва обвинителка на ЕУ, денеска положи заклетва во Судот за правда на ЕУ во Луксембург, со што треба да започне да работи првото заедничко ЕУ обвинителство, јави дописничката на МИА од Брисел.

Главната задача на првото обвинителство на ЕУ е борбата против корупцијата во ЕУ и против злоупотребата на ЕУ фондовите.

Лаура Ковеси утрово се заколна дека ќе работи независно и за интересите на Европската Унија, дека нема да прифаќа никакви инструкции надвор од обвинителството и дека ќе го почитува принципот на доверливост на информациите.

Романката и нејзините 21 обвинител утрово положија иста заклетва.

И покрај политичките напори, ЕУ не успеа да ги обедини сите земји членки во рамките на ова прво европско обвинителство, па така Полска, Унгарија, Данска, Ирска и Шведска не се дел од него, но можат во секое време да се приклучат.

Поврзани новости