Латас на суд за затајување данок во фирмите

by fokus

Ново судско рочиште за случајот „Тотал“ на Специјалното јавно обвинителство денеска треба да се одржи во Кривичниот суд во Скопје.

Во „Тотал“ обвинет е новинарот Драган Павловиќ-Латас за затајување на данок во висина од 121.414 евра преку правните лица „Тотал“ маркетинг” ДООЕЛ, „Тотал“ медија центар” и „Медијамакс” и 63.032 евра како физичко лице.

Набавката на опремата за себе ја евидентирал како опрема за фирмите, иако во фирмите немало вработени лица, односно во една фирма имало само еден вработен.

По неколку одложувања поради здравствени и семејни причини на Драган Павловиќ-Латас, судењето за случајот почна на 14 мај годинава.

Поврзани новости