Латас бара да ги види 40 бомби кои СЈО ги приложи како доказ во „Тотал“

by fokus

Новинарот Драган Павловиќ-Латас денеска за првпат седна на обвинителна клупа за предметот „Тотал“ на Специјалното јавно обвинителство.

Одбраната на Латас побара пред започнување на главната расправа да ги добијат транскриптите од 40 бомби кои СЈО ги има предложено како доказ.

Адвокатката Снежана Савиќ истакна дека без да ги видат транскриптите од прислушуваните разговори нема да можат да дадат воведни говори. Обвинителката пак истакна дека обвинетиот имал досега можност да ги преслуша бомбите.

-По завршување на истрагата, обвинетиот и адвокатите беа повикани да ги преслушаат разговорите, но тоа не го сторија, истакна обвинителката Елизабета Јосифовска, која се спротивстави на ваквото барање бидејќи на тој начин би се одолговлекувала постапката.

Судијката Славица Наумова го усвои барањето на одбраната и им додели транскрипт од прислушуваните разговори за како што реле, да се запознаат со содржината на аудио материјалите.

Одбраната на Латас побара од судот да одлучи и по нивниот приговор поднесен на извршеното вештачење, бидејки како што истакнаа од СЈО добиле два примероци, од кои вториот бил корекција на вештиот наод. Имено, обвинија дека вештакот направил суштинска грешка односно внел погрешни податоци од сосема различна фирма, па потоа била направена корекција. Тие посочија дека ова вештачење е компримитирано и на него не може да се заснова судска пресуда.

Судијката го одби барањето на одбраната на Латас да го издвои вештачењето од останатите докази. Исто така, одбиено е и барањето бомбите да се издвојат од доказите.

На крајот на рочиштето судијката Славица Наумова на Латас и неговата одбрана им ги подели транскриптите од бомбите.

Наредното рочиште е закажано на 30 мај.

В.В.

Поврзани новости