„Ласкарци” продолжува во Кривичниот суд

by Fokus 09:08
09:08

Една недела по годишнината од трагедијата во близина на селото Ласкарци, во Кривичниот суд е закажано ново рочиште против шестемина обвинети за големата сообраќајна несреќа предизвикана од автобусот на компанијата „Дурмо турс“.

На последните рочишта за овој предмет беа презентирани извештаи од вештите лица од Судска медицина и психијатар, во кои се наведе дека шоферот, сега обвинет Маноил Трифуновски, боледувал од дијабетес, но тоа не било причина за забрана за извршување на работните обврски.

- Advertising -

На 13 февруари 2019 година, околу 16:30 часот, по наплатната рампа „Глумово”, на патниот правец Скопје – Тетово, автобус на „Дурмо турс“ излета од патот, во која сообраќајка загинаа 16 лица, а над 35 поминаа со тешки повреди.

Поврзани новости