Лашет се извини за тоа што се смеел при посетата на поплавените подрачја во Германија

by fokus

Главниот кандидат за следен германски канцелар Армин Лашет се извини поради кадарот на кој се гледа како се смее додека претседателот на земјата Франк-Валтер Штајнмаер дава изјава за време на посетата на областите тешко погодени од поплавите.

-Судбината на погодените, за која слушнавме во многу разговори, ни е важна. Затоа жалам уште повеќе поради оставениот впечатокот. Тоа беше несоодветно и жал ми е“, напиша тој на Твитер.

Лашет е гувернер на Северна Рајна-Вестфалија, една од двете земји најпогодени од поплавите.

Тој во саботата со претседателот Штајнмаер го посети градот Ерфштад.

Додека претседателот дава изјава за медиумите, Лашет е во позадина, а на снимките се гледа како се смее со другите членови на делегацијата со кои бил во посета.

Бројот на жртви во поплавите во Германија расте, досега има повеќе од 150 мртви, додека стотици сè уште се водат како исчезнати. Според податоците на националниот кризен штаб, во Белгија загинале 27 лица, објави Ројтерс.

Поврзани новости