Лашет избран за наследник на Меркел, која 16 години беше на чело на ЦДУ

by fokus

Актуелниот премиер на германската провинција Северна Рајна-Вестфалија, Армин Лашет е избран за претседател на Христијанско-демократската унија (ЦДУ).

Лaшет е избран за наследник на германската канцеларка Ангела Меркел, која 16 години беше на чело на ЦДУ.

Собранието на ЦДУ што требаше да се одржи во декември, беше одложено поради епидемиолошката состојба во земјата. Денешното Собрание се одржува во дигитална форма.

Претенденти за лидерското место беа поранешниот министер за животна средина, Норберт Роетген и шефот на парламентарната група на ЦДУ во Бундестагот, Фридрих Мерц.

Поврзани новости