643
Во земјава минатата година се регистрирани 685 бесправно изградени објекти, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Според видот на објектот, бесправно се изградени 98 објекти за домување (14,3 проценти), 114 доградби, надградби и адаптации (16,6 отсто), 66 деловни објекти (9,6 проценти), 52 гаражи (7,6 отсто), 117 огради (17,1 проценти), 4 скалила (0,6 отсто), 14 тераси (2 проценти), 11 летни тераси (1,6 отсто), 85 настрешници (12,4 проценти), 39 времени објекти (5,7 отсто) и 85 помошни објекти (12,4 проценти).
Најголем број од бесправно изградените објекти или 99 проценти се во приватна сопственост.