Лајчак: Ако нема ЗСО, нема да има ниту договор

by Fokus

Мирослав Лајчак – специјалниот претставник на Европската Унија за дијалогот Белград – Приштина за РТС изјави дека Заедницата на српски општини (ЗСО) на Косово мора да се формира и подвлече дека „ако нема ЗСО, нема да има ни договор“.

Тој кажа дека ако се погледне предлогот на ЕУ, тој зборува за нормализација, а не за некаква капитулација.

Според Лајчак, целта не е некој да победи или изгуби.

„Целта е да бараме вин-вин ситуација и да ја отвориме европската врата“, истакна тој.

Средбата во Охрид, како што истакна тој, има цел да се постигне согласност околу исполнувањето на договорот кој има поддршка од ЕУ каква што не памети во минатото.

Лајчак од вчера престојува во Белград. Денес ги продолжи разговорите со претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

 

Поврзани новости