Кузеска: Есенскиот бран се засилува, потребно е да ги почитуваме мерките

by Fokus

Есенскиот бран на коронавирусот се засилува и потребно е секој од нас да ги почитува постојните мерки за заштита, односно да носиме маска, да држиме дистанца и редовно да ги миеме и да ги дезинфицираме рацете, посочи на прес-конференција портпролката на СДСМ, Богданка Кузеска.

-Со предлог мерките кои со очекува Собранието да ги изгласа во најкус можен рок, носењето маски на отворено ќе стане задолжително, ќе се забрани групирање на повеќе од 4 лица на отворено, како и домашни посети на повеќе од четворица гости во едно домаќинство, објасни Кузеска.

Таа додаде и дека доколку бројот на заразени расте, Комисијата за заразни болести веќе утре, до Владата ќе предложи дополнителен пакет рестриктивни мерки.

-Ограничување на капацитетот на луѓе во јавниот превоз до 50 oтсто, целосна забрана за секакви настани и крај на работното време на сите економски оператори, субјекти во 23 часот, кажа Кузеска во поглед на предлозите за дополнителни мерки.

Портпаролката на валдејачката партија истакна дека здравствените работници не можат сами и дека во оваа борба мора да се вклучиме сите со тоа што ќе ги почитуваме мерките без исклучок.

-Се работи за вашето здравје, за здравјето на вашите пријатели, колеги, на вашите најблиски. Мора сите да бидеме свесни, совесни и одговорни, нагласи таа и додаде дека во битката против Ковид-19, ќе се вклучат и студентите од шестта година по општа медицина бидејќи ја препознале својата важна општествена улога во моменти на криза.

Поврзани новости