Кузеска: 55.000 евра месечно чини опозициската блокада на Собранието

by Фокус

Над 55.000 евра месечно ги чинат граѓаните неработењето на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, истакна портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска.

-Само за основни плати, пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ граѓаните ја плаќаат 40.000 евра месечно. Дополнителни 15.000 евра добиваат за патни трошоци. Тоа се над 55.000 евра месечно народни пари кои ги добиваат пратениците на ВМРО-ДМНЕ од граѓаните – рече Кузеска.

Таа посочи дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ не влегуваат на седници и не закажуваат седници на комисии кои ги водат.

-Наместо блокади на Собранието во време не светска економска криза, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ да ги вратат парите за плати, дневници, патни трошоци и мобилни телефони. Над 55.000 евра месечно, во време на криза, се сериозни средства со кои може да им се помогне на илјадници семејства – рече Кузеска.

Поврзани новости