Курц го враќа Западен Балкан на агендата на ЕУ

by fokus

Австрискиот канцелар Себастијан Курц, во пресрет на конференцијата за Западен Балкан која утре ќе се одржи во Вина, изјави дека неговата цел е да го врати Западен Балкан на високо место на агендата на ЕУ.

-Западен Балкан е регион кој е важен за нас во Австрија, и за мене лично. Кога бев министер за надворешни работи, започнав да се залагам за тој регион и го продолжив тоа како канцелар – рече Курц.

Тој додаде дека пандемијата на коронавирусот засенува многу теми, при што во тој контекст го посочи токму Западен Балкан.

-Главната цел на оваа конференција е да се подигне Западен Балкан на многу високо место во европската агенда. Ние сакаме да има посилен фокус на овој регион, како и тоа, сите изјави, разговори за европската перспектива, конечно да станат реалност – објасни австрискиот канцелар.

Поврзани новости