Курц го капарисаа за прилепски зет

by fokus 16:09
16:09

Кога веќе е во Македонија, министерот за надворешни работи на Австрија, Себастијан Курц (30), да се надеваме дека ќе најде време и да ,,тркне’’ до Прилеп, да и ја исполни големата желба на старлетата и модел Сибел (21), позната во јавноста како Ледена Медена од Прилеп, која не крие дека младиот политичар и е омилен. Маѓепсана од него, Сибел откри дека отпатувала во Австрија надевајќи се дека ќе се запознае со него.

15218376_10211023832015467_365894934_n

,,Со само петнаесет години почнав да се занимавам со манекенство, снимав фотосесии и се појавував во спотови на фолк пејачи од кај нас, но и од соседството. Сакав да го освојам светот со својот изглед и шарм, но не беше секогаш лесно да се излезе на крај со ниските хонорари што ги заработуваат повеќето манекенки. Затоа, по стапките на светски познатата старлета Дита Вон Тис која е мој идол, решив и јас повеќе да бидам стралета отколку манекенка. Повеќе се посветив на снимање на фотосесии за разни брендови, се трудам да бидам забележана на елитни места, да бидам опкружена со влијателни личности. Со самото тоа што некоја старлета се движи во познати кругови на луѓе, таа добива повеќе на цена и и се зголемуваат ангажманите“, вели Сибел која по нејзиниот престој во Австрија откри дека се трудела да најде начин да се запознае со министерот Себастијан Курц.

- Advertisements -

„ Се распрашав каде се движи, знам дека живее во Виена, во областа Меидлинг каде што и јас излегувам, па само прашање на време е кога ќе се сретнеме. Сигурна сум дека од нашето запознавање ќе имаме корист и двајцата, а што е најважно, и нашите земји’’ , изјави старлетата по враќањето во земјава.

Инаку, Сибел лани беше избрана за втора придружничка на изборот за најубава Ромка во Скопје, за време на Ромскиот бал, во организација на Сојузот на Ромите, а покровители беа Амди и Елвис Бајрам.

Вики Клинчарова

Поврзани новости