Курти: Полициската акција спречи шверц во Косово

by fokus

Косовскиот премиер Албин Курти нагласи дека денешната акција на косовската полиција е насочена против шверц во Приштина, Пеќ и северниот и јужниот дел на Косовска Митровица.

Тој на фејсбук напиша дека косовската полиција претпладнево пребарала неколку локации во Пеќ и Приштина и дека е запленета голема количина стока.

Притоа, Курти потврди дека полициската акција е завршена и ги повика граѓаните во северниот дел од Косовска Митровица „да не потпаѓаат под влијание на медиумите во Србија“.

-Криминалот и криминалните групи нема да бидат толерирани и ќе бидат сузбиени. Ќе се бориме против шверцот и ќе го спречиме тоа – порача Курти.

Поврзани новости