Курти: ЕУ мора да обезбеди Србија да го спроведе договореното на терен

by Fokus

Европската унија мора да обезбеди Србија да ги спроведе договорените договори на терен, изјави за новинарите косовскиот премиер Албин Курти по денешната владина седница.

Тој нагласи дека точката 7 зборува за правата на српската заедница, а не за формирање на Заедница на српски општини.

Курти рече дека не го засегаат изјавите на српската страна и оти Европската унија мора да обезбеди договорените договори, вклучително и оној од Охрид, Србија да ги спроведе на терен.

„ЕУ вели дека тоа е договор, а имаме изјави од српска страна кои покажуваат дека нема намера да спроведе некои работи и дека се обидува да раскине некои договори. Но, ние не треба да се занимаваме со тоа. Сега ЕУ е таа што мора да се погрижи договорените договори да се имплементираат на терен“, рече Курти.

Тој додаде дека медијаторот го контролира спроведувањето и дека ќе има последици за секое отстапување, деформација или прекршување на договорот.

Говорејќи за Заедницата на српските општини, косовскиот премиер повтори дека заедницата и општината не значат исто, коментирајќи ја изјавата на Мирослав Лајчак дека, меѓу другото, во точка 7 се зборува за спроведување на договорите од 2013 и 2015 година и задолжително формирање на ЗСО.

„Заедницата“ не може да се поистоветува со зборовите „Општина“ или „Здружение“. Во точката 7 од основниот договор се наведува одреден степен на независност на српската заедница. Се вели „Српска заедница“, а не „Општина“. Знаете, заедницата не е територијална категорија, општините се територијални и административни единици. Значи не е иста работа. Разбирам дека не се сосема различни, но не се ни иста работа. И во Собранието кажав дека од моја гледна точка, не само политички, туку и правен, кога велиме српска заедница, автоматски мислиме на рамковниот договор за заштита на малцинствата во рамките на конвенцијата на Советот на Европа. Ова е платформа, како што разбираме, и ние сме посветени на правата на заедниците, вклучително и на српската“ – рече Курти.

Според него, прекршени се договорите што ги направиле неговите претходници, од 2013 и 2015 година.

„Првиот договор го прекрши самиот претседател на Србија, кој на српските структури им даде наредба за еднократно вклучување во косовскиот систем, а потоа им нареди колективна оставка. Ова е прекршување на договорот од 19 април 2013 година. Не негираме дека постои договор од 2013 година, но во исто време наоѓаме дека е прекршен на два начина. А вториот е договорот од 2015 година, кој не го положи тестот на Уставот на Република Косово. Не во два-три члена, туку во вкупно 23 члена. Затоа, мора да ги земеме предвид и овие елементи“, рече Курти.

Поврзани новости