„Курирското“ известување на турските телевизии за Ердоган

by Фокус

Мониторингот на мисијата на ОБСЕ/ОДИХР на претседателските избори во Турција покажал дека три од петте телевизиски станици кои биле набљудувани, вклучувајќи го и јавниот сервис, ТРТ1, биле експлицитно наклонети кон веќе поранешниот премиер Реџеп Таип Ердоган во своето известување во вестите и во дебатните емисии.

Јавниот сервис ТРТ1 посветил 51 проценти од времето на Ердоган, додека само 32 на Екмеледин Ихсаноглу и 18 на третиот кандидат Селахатин Демирташ. Дополнително, од она време што му било посветено на главниот противкандидат Инсаноглу една четвртина биле извештаи со негативен тон, додека сѐ што било известувано за Ердоган било во позитивен тон.

Турската телевизија АТВ посветила дури 70 отсто од времето за кампања на Ердоган, додека другите двајца добиле 18 односно 11 проценти од етерот наменет за претседателските избори. Идентичен бил соодност и кај третата телевизиска станица со национална концесија, НТВ.

„Си-ен-ен Турција“ посветила 54 проценти од известувањето на Ердоган, меѓутоа голем процент од вестите биле критично настроени кон веќе поранешниот турски премиер, додека Инсаноглу и Демирташ добиле по 27, односно 20 отсто од етерот на „Си-ен-ен“.

Телевизија „Саманјолу“ била единствената која речиси целото известување за кампањата на Ердоган го водела во негативен тон, иако му посветиле 62 отсто од времето.

На овие телевизиски станици, Ердоган преку платено политичко рекламирање бил присутен речиси седум часа, Инсоноглу 36 минути додека Демирташ само 19. Во текот на периодот кој бил мониториран немало дебата меѓу кандидатите.

Поврзани новости